Добредојдовте во светот на креативноста
За нас
Акантус Крафтс

Електронска продавница за сите генерации
Нудиме електронска продавница со избор од три категории: креативни сетови, креативни работилници, применета уметност. Со избор од над 100 различни креативни сетови за домашна изработка и разновидна палета на креативни работилници сакаме да ја разиграме и разбудиме креативноста кај потрошувачите од најмала возраст па се до највозрасните.

Креативни работилници за учење и развој
А истото има и позитивно дејство кај возрасните како релаксација, оттргање од секојдневието, подобрена концентрација. Креативните работилници се наменети за доближување на креативните техники до потрошувачите за тие да можат да изберат техника за неа да се обучат и понатаму самостојно да творат. Работилниците за децата се тематски и секогаш весели.

Уникатни дела од применета уметност
Тие им помагаат на креативна игра и творење да учат и да се надградуваат. Новитет на пазарот кој го воведуваме е продажба на дела од применета уметност кои се создадени од реномирани македонски уметници. Единствени уникатни украси кои може да ги купите само кај нас и да го разубавите секој простор, дали како украс на домот или канцеларијата или за подарок.
Креираме можности за развој, учење и напредок. Нашата мисија и визија се насочени кон создавање на иднината преку креативни решенија.

Поттикнување на креативноста и здрави навики
Нашата мисија е да ја разбудиме креативноста кај поединецот и да придонесеме кон личниот развој и напредок преку креативни активности. Сакаме децата и возрасните да стекнат здрави навики и преку креативни работилници и креативни производи да научат да го менаџираат времето поминато пред екраните.
Погледни ги производите
Здрави генерации и лидерство во креативни трендови
Целиме кон здрави генерации, веруваме дека со нашата работа и инвестирање во креативното творење ќе помогнеме кон прав развој на новите генерации. Веруваме дека ќе станеме лидер во поставување на креативните трендови на нашиот пазар со пласирање на најнови и најразлични сетови и производи за креативно творење.
Погледни ги производите
