Прескокни кон содржината
~ Промоција од 1 до 31 октомври! ~~~ Намалување на одредени поризводи од 15%-50%! ~~

Работилница за украсување со монистра „Уметноста во минијатура“ 22 мај/18 часот

Шифра: UMETNOSTA-VO-MINIJATURA-RABOTILNIZA-ZA-MODNO-VEZENJE-22-MAJ-18-CASOT

На оваа работилница во соработка со Илина Поповска од Bottega Azzura ќе се запознаеме со основите на украсување со монистра во високата мода.

1.600 ден.
Мала залиха
1

На оваа работилница во соработка со Илина Поповска од Bottega Azzura ќе се запознаеме со основите на украсување со монистра во високата мода. Работиме во пријатна креативна атмосфера во која ќе можете да ги совладате основните техники и да ги применувате и понатаму.

Илина Поповска е дизајнер на накит и украсни предмети со долгогодишно искуство во областа. Иако монистрата и се прва љубов, таа е најпозната по нејзината филигранска работа и современиот дизајн на накит. Во поново време работи и со други материјали и техники со кои создава уникатна естетика во нејзината работа.

Придружете ни се!

Работилницата е наменета и за почетници.

* Сите потребни материјали се обезбедени;

* Кој сака може да понесе и некое свое парче текстил на кое што сака да му даде нов, свеж изглед. Можете да си донесете своја маичка, кошула или навлака за мала перница што сакате да ја украсите.

Во овие 120 минути:

• ќе се запознаеме со основите на техниките;

• ќе најдеме инспирација и ќе направиме скица за работа;

• ќе работиме геометриски и огански форми со монистра и шљокици;

• ќе создаваме оригинални дела;

• ќе украсуваме текстил и ќе научиме да правиме и беџови со дадените материјали и техники.